|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Програми е-Законодавство
|
|
|
|
е-Законодавство |
|
|
|
10.02.2006. |
|
Страница 3 од 3
Креативни заеднички содржини
Креативните заеднички содржини му служат на јавниот интерес преку огромна размена на изразување, знаење и уметност. Нашата основна цел е на македонската јавност да и понудиме група на бесплатни лиценци за авторски права. Овие лиценци ќе им помогнат на луѓето да му кажат на светот дека нивните авторски дела се слободни за делење, но само под одредени услови. Проектот ќе биде спроведен на три нивоа кои ќе опфаќаат: развивање на законска основа за воспоставување на структурата на креативните заеднички содржини, развој на техничка основа и подигнување на свеста кај заинтересираните за можностите кои ги нудат креативните заеднички содржини.
За потребите на законската основа ќе се анализира националното законодавство за да се оценат можностите кои ги нуди македонскиот Закон за авторски права наспроти Лиценцата за креативни заеднички содржини. Ќе се изработи Предлог-Лиценца за креативни заеднички содржини, а за тоа ќе придонесат сите релевантни чинители. Пошироката заинтересирана заедница – автори, уметници, академици и други релевантни тела на национално ниво ќе биде вклучена во спроведувањето на проектот преку учество во спроведувањето на неколку активности предвидени со проектот, особено во изработката на националната лиценца и во понатамошното промовирање на концептот на Креативни заеднички содржини.
Активностите за промоција на лиценците за Креативни заеднички содржини и подигнување на свеста за прашања поврзани со интелектуалната сопственост ќе бидат спроведени од февруари до април 2007 година.
(9740 hits/посети)
|
|