Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Програми arrow е-Владеење
е-Владеење Испечати Е-пошта
10.02.2006.
Индекс на прилозите
е-Владеење
Имплементација на е-локално владеење во Македонија
Национална стратегија за развој на информатичко општество
Иницијатива за информациска сигурност
Слободен пристап до информации во локалната самоуправа во Македонија
Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија

Имплементација на е-локално владеење во Македонија

Со поддршка на имплементацијата на е-локално владеење во 34 општини, проектот Имплементација на е-локално владеење во Македонија има за цел да го постигне следното: подобра јавна политика, поголема доверба во владата, посилна демократија и поголем квалитет во услугите за граѓаните.

Резултатите од проектот на пошироко ниво е едноставно подобро владеење преку овозможување на подобри резултати од политиката, поквалитетни услуги и поголема интеракција со граѓаните преку користење на ИКТ. Поспецифично, резултатите од проектот ќе бидат следни: развиена/подобрена ИКТ структура на општините, подобрена инфраструктура за јавен пристап, обучен персонал во општините, зголемена свест за придобивките од е-владеењето, давање техничка помош и зајакнување на капацитетите на избраните општини во примената на моделот и концептот на е-владеење и поттикнување на учеството на граѓаните во локалните социо-економски процеси.

Основните делови на проектот се: унапредување на информатичката опрема, комуникациските технологии и основниот канцелариски софтвер за општините, обезбедување на општински систем за управување со информации базиран на интернет и развој на решенија за е-владеење во служба на корисниците.



 

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]