Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Програми arrow е-Владеење
е-Владеење Испечати Е-пошта
10.02.2006.
Индекс на прилозите
е-Владеење
Имплементација на е-локално владеење во Македонија
Национална стратегија за развој на информатичко општество
Иницијатива за информациска сигурност
Слободен пристап до информации во локалната самоуправа во Македонија
Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија

Национална стратегија за развој на информатичко општество

На 1.04.2005 година работната група за информатичко општество ја усвои Националната стратегија за информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) и соодветниот Акциски план. Националната стратегијата беше прифатена од Владата на Република Македонија на 16.06.2005г., а изгласана во Собранието на 21.09.2005г.

Изработката на стратегијата и на акцискиот план беше поддржана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), Комисијата за информатичка технологија на Владата на РМ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во 2005 година се организираа јавни форуми во повеќе градови во Република Македонија и на веб-сајтот Комисијата за информатичка технологија со цел да се обезбеди јавно учество во конечното оформување и донесување на документите.

Националната стратегија и акцискиот план ги идентификуваат механизмите, правните и фискалните рамки потребни за спроведување електронско владеење и образование, електронски деловни иницијативи и развивање инфраструктура за ИКТ.

Оваа година активностите на Фондацијата Метаморфозис во рамките на овој проект се во согласност со потребите и приоритетите утврдени во Националната стратегија за развој на информатичкото општество. Фокусот ќе се стави врз локалната власт - е-Рајдер моделот ќе се користи за тие да се поддржат за да подготват локални планови/стратегии за развој на ИКТ. Ќе се спроведе независно мерење на показателите на информатичкото општество, преку анкети и анализи на јавното мислење и мониторинг на напредокот во спроведувањето на Националната стратегија за развој на информатичкото општество.

Проектот ќе поддржува активно учество во формирањето и организирањето јавни точки за пристап до интернет; обука на обучувачи за е-граѓанско образование. Ќе се поддржат иницијативи на локалните заедници и на граѓанското општество за проекти за премостување на дигиталниот јаз со помош на јавните точки за безжичен пристап. Исто така, ќе се поддржи и развојот на локални содржини.

Преземете ја Националната стратегија за развој на информатичко општество

Преземете ја Националната политика за информатичко општество



 

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]