Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Програми arrow е-Владеење
е-Владеење Испечати Е-пошта
10.02.2006.
Индекс на прилозите
е-Владеење
Имплементација на е-локално владеење во Македонија
Национална стратегија за развој на информатичко општество
Иницијатива за информациска сигурност
Слободен пристап до информации во локалната самоуправа во Македонија
Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија

Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Генералниот секретаријат (ГС) на Владата на Република Македонија ќе го спроведе проектот „Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија“. Проектот се состои од неколку компоненти, а една од нив е посветена на ИКТ, чијашто реализација ќе ја спроведува Фондацијата Метаморфозис.

Во рамките на ИКТ компонентата ќе се спроведат 5 активности и тоа:

  • Анализа на 5 најкористени е-услуги
  • Стандарди за ИКТ во владините институции
  • Проценка за потребите за ИТ обуки на државните службеници од аспект на ЕУ
  • Поддршка на лицата кои работат на порталот www.uslugi.gov.mk
  • Поддршка на ИКТ секторот во ГС со човечки ресурси
Во рамките на проектот ќе биде изготвена анализа на посетеноста и корисноста на порталот www.uslugi.gov.mk и ќе бидат дадени препораки за следната фаза од проектот со цел нивно подобрување. Исто така, ќе се постават стандарди за сигурност, приватност, употребливост и пристапност на документите што се разменуваат преку интра- и интер-комуникација на ГС.
Дополнително, ќе се направи проценка на потребите за обука на администрацијата според барањата на ЕУ. Проектот предвидува и надградба на вештините на лицата кои работат на порталот www.uslugi.gov.mk што ќе придонесе за поефикасно ажурирање на информациите на www.uslugi.gov.mk.

(9598 hits/посети)

 

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]