Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Програми arrow е-Инклузивност
е-Инклузивност Испечати Е-пошта
10.02.2006.
Индекс на прилозите
е-Инклузивност
Иницијатива за Отворен пристап во Македонија
Дигитални клубови
Предлог-стандарди на Метаморфозис за е-точки
Рециклирање употребени компјутери
Пренос на знаења
Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет

Иницијатива за Отворен пристап во Македонија

Отворениот пристап (ОП) претставува слободна достапност на дигитални содржини на интернет. ОП е најпознат и најпогоден начин за рецензирани научни и академски написи коишто истражувачите ги објавуваат без да очекуваат да бидат платени за тоа.

Иако повеќето академски институции во Македонија објавуваат весници, повеќето од нив го прават тоа во печатена форма без да ги искористат придобивките од новите технологии, со многу ограничен тираж и најчесто целиот текст е достапен само на македонски јазик.

Главниот проблем со пристапот до знаење што се наоѓа во научните списанија надвор од Македонија е цената на претплата. Главниот проблем во Македонија е недостатокот од интерес и иницијатива кај институциите, што води кон незастапеност на македонската научна заедница во светската научна заедница и општата јавност, што во комбинација со јазичните бариери резултира во многу мала достапност.

Промоцијата на отворениот пристап во македонската научна заедница ќе се одвива во две фази: подигнување на свест и имплементација на конкретни проекти.

Подигнувањето на свеста ќе опфаќа јавни настани, како што се предавања и работилници коишто ќе се одржуваат во академските институции и ќе бидат наменети за предавачи и студенти. Исто така, тие ќе бидат корисни за поголема промоција на концептот меѓу јавноста, преку објавување вести за нив заедно со мислења, колумни и написи со објаснувања.

Овие напори ќе ги потенцираат развојните, економските и образовните придобивки од употребата на отворениот пристап, како и неговата корисност како алатка за промоција на Македонија како бренд и истражувачи, особено преку публикација на други форми на рецензирани научни истражувања, како што се магистерски и докторски тези, како дополнување на написите објавени во професионални списанија.

Втората фаза ќе се заснова на директна соработка со академските институции (факултети) коишто, исто така, се издавачи на локални научни списанија во нивните области. Метаморфозис ќе понуди знаење, софтвер, веб-хостинг и други форми на помош за институциите што се волни да направат веб-сајтови за нивните списанија, на македонски и англиски јазик. Оние коишто немаат капацитет за дигитализирање и објавување на нивните содржини на интернет ќе бидат вклучени во креирањето на институционална архива којашто ќе овозможи собирање и зачувување на нивните интелектуални трудови.



 

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]