|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Програми е-Инклузивност
|
|
|
|
е-Инклузивност |
|
|
|
10.02.2006. |
|
Страница 7 од 7
Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет
Фондацијата Метаморфозис започна со реализација на проектот CRISP („Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет”) во текот на месец октомври 2007г., финансиски поддржан од EIDHR и Метаморфозис.
Проектот е насочен кон заштита на правата на децата на интернет и обезбедување на сигурен и безбеден пристап до интернет, заштита на нивната приватност, а со тоа и приватноста и безбедноста на нивните семејства. Целите на проектот ќе се постигнат преку преземање мерки за подигање на свеста кај децата, родителите, наставниците и воопшто јавноста за постоењето на овој проблем, и преку конкретни начини односно алатки за справување со тој проблем, преку обуки и презентации, како и преку создавање на ресурси со корисни информации и насоки за побезбедно однесување на интернет.
Проектот опфаќа неколку фази:
- Прва фаза: Создавање на ресурси (ИКТ водич, флаери, Повелба за правата на децата на интернет и веб-сајт) на локални јазици (македонски и албански) како и формирање на мрежа од невладини организации кои се занимаваат со заштита на правата на децата.
- Втора фаза: Обука и запознавање на членовите на НВО-мрежата со оваа проблематика (правата на децата на интернет) и нивно оспособување за спроведување на едукација помеѓу децата, родителите и наставниците во средните и основните училишта низ Македонија.
- Трета фаза: Членовите на НВО-мрежата спроведуваат едукација преку специјално осмислени и организирани презентации во основните и средните училишта низ Македонија, како и дистрибуција на материјалите за време на презентациите.
(9829 hits/посети)
|
|