Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Програми arrow е-Капацитети
e-Kапацитети Испечати Е-пошта
10.02.2006.
Индекс на прилозите
e-Kапацитети
Слободен софтвер
е-Рајдери

е-Рајдери

Проектот е-Рајдери (официјален блог на проектот) го јакне капацитетот на граѓанските организации (НВО) во Македонија за да ги пренесат своите пораки, да поттикнат граѓанско учество во општествениот живот, да коалицираат и подобро да им служат на своите заедници. Е-Рајдерите (од анг. е-Јавачи) се мобилни консултанти што обезбедуваат поддршка за граѓанските организации за оптимално искористување на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) како средство за поефикасно извршување на активностите и остварување на нивната мисија и цели. Тие на граѓанските организации од Македонија им обезбедуваат бесплатна техничка поддршка и помош при развојот на индивидуални стратегии за употреба на ИКТ.
Проектот е поддржан од Фондацијата Метаморфозис, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Институтот отворено општество - Будимпешта.

Граѓански здруженија ќе добијат стручна помош од електронските јавачи за изработка сопствена стратегија за користење на информативните алатки. Електронските јавачи од Метаморфозис ќе ги посетуваат невладините организации во нивните простории и заедно со нив ќе работат на изработување на веб-сајтови, користење на интернет, воспоставување на електронски мрежи и други секојдневни проблеми поврзани со информатичката и комуникациската технологија.

  • Континуирана соработка со граѓанските организации вклучени во проектот, преку посети и вршење стручни анализи во врска со нивните информатички ресурси и организациски потреби.
  • Помош во изготвувањето одржлива информатичка стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија.
  • Непосредни интервенции за примена на техничка експертиза и пренесување знаења и вештини.
  • Промоција на користењето легален софтвер, преку споделување информации за разните форми на противставување на пиратството, меѓу кои се и локализацијата и употребата на бесплатен слободен софтвер соодветен за тековните потреби.
  • Подигнување и подобрување на квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество.

 

Мисија на проектот е да им се помогне на невладините организации во изготвувањето на издржлива ИКТ стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија, да се подобрат ИКТ капацитетите на невладините организации, да се подигне и подобри квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество и да се изготват ефективни ИКТ стратегии кои ќе им овозможат на невладините организации да ја користат технологијата за унапредување на нивните активности и мисија.
Вкупно 24 граѓански организации од 6 региони во Македонија се дел од проектот „е-Рајдери“. Тоа се:



(9141 hits/посети)

 

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]