Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Информациите за јавните набавки на едно место
Информациите за јавните набавки на јавниот сектор можат да се најдат на едно место- веб-порталот на Бирото за јавни набавки. Овој портал беше промовиран на 9 февруари 2006г, а на свеченоста присуствуваше и амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере, кој порача дека транспарентноста е клучна при јавните набавки со цел да се оневозможи корупцијата. Директорката на Бирото, Анета Данева-Мострова, потенцира дека во оваа институција се мотивирани да придонесат во борбата против корупцијата, но оти се свесни дека за успешноста на процесот не зависи само од нив, туку и од сите граѓани на Република Македонија.