|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Битолчани бараат работа преку интернет
|
|
|
|
Битолчани бараат работа преку интернет |
|
|
|
13.02.2006. |
За нецел месец преку 200 невработени битолчани со високо образование преку интернет се пријавиле на конкурсите за вработување во државната администрација. Конкурирањето се врши во Агенцијата за вработување во Битола, каде што со компјутери се опремени две простории, а обезбедени се и стручни лица, кои им помагаат на апликантите што немаат добро компјутерско познавање.
- Новиот начин на вработување има голема предност пред досегашниот. Постапката е многу едноставна. Кандидатите ја отвораат интернет-страницата со конкурси, го избираат оној оглас за кого ги исполнуваат условите и ја пополнуваат пријавата - вели Петар Војновски, раководител на Работниот клуб при Агенцијата за вработување во Битола.
На овој начин, според Војновски, апликантите се ослободени од поднесувањето документи и чекањето по шалтери, а заштедуваат пари од превоз и од купување на потребните формулари.
Вработувањето преку интернет е иницирано од Американската агенција за меѓународен развој и од Агенцијата за државни службеници на Република Македонија.
- Овој нов начин на вработување станува составен дел од нашето тековно работење, што значи ќе се спроведува долгорочно - вели Војновски.
(Ж.З.) Извор: Дневник
(5234 hits/посети) |
|