Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Ќе увезуваме компјутерџии!
Ќе увезуваме компјутерџии! Испечати Е-пошта
15.02.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Ќе одам во Србија и Индија да барам информатичари оти тука не можам да најдам, велат во неколку македонски фирми што во последнава година интензивно бараат програмери за работа.

Тие барале информатичари по факултетите, огласите и по агенциите. На Природно-математичкиот и Електротехничкиот факултет им рекле дека информатичари и инженери едноставно нема, бидејќи тие наоѓаат работа уште пред да го завршат факултетот. На универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје две години не се јавил ниту еден заинтересиран кандидат да работи како информатичар.

- Зошто да се јави на конкурсот и да работи за 200 евра, кога информатичарите веднаш наоѓаат работа и за 1.000 евра - коментираат професори од скопскиот универзитет.

Скопската фирма „Сивус“ има потреба од 100 информатичари и инженери, а веднаш би можеле да вработат дваесетина. И покрај ваквата привлечна понуда, „Сивус“ не може да најде соодветен кадар.

- Баравме секаде и преку секого. Нема. Сега ќе одам во Србија и Црна Гора, а потоа ќе барам и во Кина и Индија за да најдам програмери - вели Методија Пејовски, консултант во фирмата „Сивус“.

Тој вели дека побарувачката за информатички кадар е далеку поголема од понудата на македонскиот пазар, па во моментов има недостиг од околу 200 инженери и информатичари.

- Сигнализиравме дека ова ќе се случи, но никој не не слушаше. Сега се договаравме со факултетот во Ниш да им земеме програмери. Ако се посвети повеќе внимание на таа професија, можеби кризата ќе трае уште една година, но потоа ќе се среди - вели Пејовски.

Со сличен став е и Љупчо Шарковски, генерален менаџер во „Еин софт“. Оваа фирма барала информатичари преку огласи и агенции, а на понудата за слободно работно место на нивната веб-страница ретко се јавувале заинтересирани кандидати.

- Во нашата бранша речиси и нема невработени. Тоа значи дека државата нема стратегија за тоа како да се отворат нови работни места и веднаш да се пополнат. Додека илјадници правници и философи седат дома без работа, има огромен недостиг од информатички кадар. Затоа, треба да се направи програма и да се стипендираат студентите, а потоа тоа ќе и се врати на државата - вели Шарковски.

Марјан Гушев, професор на ПМФ, вели дека на факултетите се примат малку студенти заинтересирани да студираат информатика.

- Секоја година Министерството за образование си ги препишува квотите, без добро да се размисли колкава е потребата за студенти на одредени катедри - вели Гушев.

Зоран Велковски, проректор за настава на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, вели дека студентите сакаат да студираат информатика, но квотите се мали, исто како и капацитетите на факултетите.

- Тоа се решава многу едноставно. Државата треба да направи стратегија и да предвиди дека во наредниве години ни требаат 5.000 информатичари. Но таа треба и финансиски да застане зад нив и да им обезбеди услови - вели Велковски.

На катедрата по информатика на скопскиот универзитет се примаат 120 студенти секоја година, а на битолскиот универзитет по триесетина.

М.Ј.
Извор: Време


(5784 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]