Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕУ ќе го урива монополот на Телекомот
ЕУ ќе го урива монополот на Телекомот Испечати Е-пошта
21.02.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Експерти од Европска Унија испитуваат дали Владата ги исполнува обврските за либерализација на пазарот за фиксна телефонија и дали создава услови за фер конкуренција. Двајца европските инспектори дојдоа по поплаките на неколку фирми-кандидати за фиксни оператори дека Владата и Агенцијата за електронски комуникации застануваат зад интересите на монополот на Македонски Телекомуникации и свесно го опструираат работењето на конкуренцијата.

ЕУ ги испратила експертите за да и дадат техничка и стручна помош на земјава во секторот за телекомуникации. Проектот е финансиран од ЕУ, преку Агенцијата за реконструкција, а го спроведува консултантската куќа "ААМ менаџмент". Главни корисници на услугите на советниците ќе бидат Агенцијата за електронски комуникации и Министерството за транспорт и врски.

Експертите се сретнале со претставници на фирмата „Нексттел“, од кои побарале да им ги посочат проблемите што ги попречуваат да им даваат телекомуникациски услуги на граѓаните. На европските претставници им биле поднесени докази дека, иако телекомуникацискиот пазар требаше да биде либерализиран на 1 јануари 2005 година, државата се уште не создава услови за работа на конкурентите на Македонски Телекомуникации. Посочено било дека граѓаните се уште не се во можност да ги почувствуваат поволностите од пазарната економија во овој сектор и се принудени да ги користат единствено монополските услуги на Телекомот. Од „Нексттел“ укажале дека тие, како и другите конкурентски компании, во изминатиот период наидувале на опструкции и технички пречки од Телекомот и на неспроведување на законите од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Експертите укажале дека Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ има обврска да овозможи конкуренција во фиксната телефонија. Поради тоа, ЕУ решила засилено да набљудува како се развива телекомуникациската дејност во земјава и да помогне во донесувањето на соодветна регулатива.

Конкурентите на Телекомот не ќе можат да се појават на пазарот се додека не се усогласат концесиските договори на фиксниот и на мобилните оператори со Законот за електронските комуникации, донесен лани во февруари. Владата оваа законска обврска требаше да ја заврши најдоцна до декември лани. На 17 февруари во Министерството за транспорт и врски требаше да биде избрана консултантска куќа што ќе помага во усогласувањето на договорите.

Марјан Блажевски
Извор: Дневник

(4808 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]