Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Монополот на Телекомот го плаќаат 600.000 корисници
Монополот на Телекомот го плаќаат 600.000 корисници Испечати Е-пошта
23.02.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Граѓанските здруженија ја обвинуваат Владата дека заради свои интереси свесно го одолговлекува монополот на Телекомот на штета на 600 илјади негови корисници. ЕУ јасно истакнува дека ако сакаме да бидеме дел од европското семејство, ќе мора да го урнеме монополот во фиксната телефонија.

- Корист од либерализацијата треба да имаат граѓаните, со пониски цени и повеќе услуги. Владата и Собранието со донесените закони одат против интересите на околу 600.000 корисници на услугите на Телекомот. Државата не создава услови за конкуренција во телефонијата. Телекомот остварува огромен профит во однос на состојбата во која е македонската економија. Граѓаните, поради превисоките цени на импулсот, се плашат да кренат слушалка, а Владата поради дивидендата што ја добива од Телекомот нема интерес да го урне монополот - вели Јанко Стојкоски од Граѓанската акција „Пружи отпор-кажи не“.

Се најавува дека во почетокот на март „Македонски телекомуникации“ ќе потпише комерцијален договор со една телекомуникациска компанија. Ова, сепак, нема да претставува вистинска конкуренција на Телекомот во фиксната телефонија, бидејќи фирмата нема да потпише интерконекциски договор и ќе нуди поевтини меѓународни разговори преку интернет. Идните фиксни оператори незадоволни од цените за интерконекција бараат да се намалат зашто нема да можат да му бидат конкурентни на Телекомот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера до антикорупциската комисија достави материјали, документи и информации за одредени неправилности и корупција во одредувањето на цената за интерконекција од Агенцијата за електронски комуникации.

- Јавноста беше информирана дека цената за интерконекција понудена од Телеком е намалена за одреден процент. Едноставна калкулација покажува дека со промовирање нови ставки во таа тарифа се доаѓа до финална цена која е многу повисока и од претходната - вели Гордана Јанкуловска, генерална секретарка на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата Јанкуловска и Зоран Трајчевски, претседател на партиската комисија за телекомуникации, укажале дека неспроведување на Законот за електронските комуникации е основа за корупција.

Конкуренција во фиксната телефонија нема сè уште, иако телекомуникацискиот пазар е либерализиран уште од 1 јануари 2005 година.

Марјан Блажевски
Извор: Дневник

(5125 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]