Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Европски институт за технологија: Европската комисијата предлага нов предводник на совршеност
Европски институт за технологија: Европската комисијата предлага нов предводник на совршеност
ЕК достави предлог до Европскиот совет за основање на Европски институт за технологија (ЕИТ) кој треба да претставува нов предводник на совршеноста во високото образование, истражувањето и иновациите. Во предлогот прифатен на 22.02.2006г. Комисијата ги дефинира главните елементи на предлогот за ЕИТ кои првенствено беа предложени во 2005 година како дел од преработувањето на Лисабонската стратегија за развој и работни места, и предлогот сега е подготвен за разгледување од страна на шефовите на држави и влади. Комисијата ја базираше својата работа врз основа на резултатите од консултациите со пошироката јавност и повеќе од 700 анкетирани.
- На совршеноста и треба предводник: токму затоа Европа мора да има силен Европски институт за технологија кој ќе ги обедини најдобрите умови и компании и ќе ги распредели резултатите низ цела Европа - изјави Хозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија. –ЕИТ ќе биде лесна и флексибилна организација – нагласи претседателот Баросо. – Ќе образува дипломци и кандидати за докторски звања кои ќе спроведуваат истражувања и ќе бидат активни во иновации, како во стратешки тематски области така и во полето на управување со наука и иновација.
Европскиот институт за технологија ќе се насочи кон комбинирање на трите идеи од триаголникот на знаење: образование, истражување и иновација. Овие три области претставуваат клуч кон општество базирано на знаење. ЕИТ ќе биде организиран и ќе има партнери кои ќе бидат во насока да ги интегрираат и нераскинливо да ги поврзат овие три области.
Структурата на ЕТИ ќе биде заснована на две нивоа: Управен одбор со мала администрација за поддршка (тоа ќе биде јадрото на ЕТИ) и група на Заедници на знаење кои ќе се наоѓаат низ Европа и ќе ги спроведуваат активностите во стратешките транс-дисциплинарни области.
Европската комисија го повикува Европскиот совет да ги разгледа елементите наведени во предлогот и да се потврди важноста на оваа иницијатива. Комисијата ќе достави официјален предлог до крајот на 2006г. Ако постои можност правниот инструмент за основање на ЕИТ да се воспостави во 2008г, тогаш Управниот одбор заедно со првите вработени ќе бидат назначени во 2009г. Идентификацијата на заедниците на знаење треба да започне во 2009г.