|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Брз пристап на Интернет за сите провајдери
|
|
|
|
Брз пристап на Интернет за сите провајдери |
|
|
|
19.03.2004. |
|
Услугата АДСЛ, со која се овозможува 15 пати побрз интернет-пристап, "Македонски телекомуникации" треба да им ја понуди и на другите интернет-провајдери...
Услугата АДСЛ, со која се овозможува 15 пати побрз интернет-пристап, "Македонски телекомуникации" треба да им ја понуди и на другите интернет-провајдери, а не само на МТ-Нет, одлучи Монополската управа.
Во "Македонски телекомуникации" се уште не ја добиле одлуката и немаат официјален став за неа.
Оваа услуга пред Управата ја оспорија интернет-провајдерите МОЛ и Он-Нет бидејќи сметаат дека телекомот ги злоупотребувал ексклузивните права и ја уништувал конкуренцијата. Монополската управа утврдила дека телекомот го прекршил Законот против ограничување на конкуренцијата и му наложува да прекине со рекламирање и склучување договори за користење на АДСЛ-линијата се додека не им ја понуди на сите провајдери.
Монополската управа го прифатила и барањето на провајдерите телекомот да им ја понуди наплатата на интернет-услугите во телефонските сметки на корисниците. Ако "Македонски телекомуникации" не ги почитува одлуките, следува прекршочна пријава против компанијата, информираат во Монополската управа. (2886 hits/посети) |
|