Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Европската комисија ќе основа „Европска дигитална библиотека“
Европската комисија ќе основа „Европска дигитална библиотека“ Испечати Е-пошта
6.03.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Планот на Европската комисија за промовирање на дигитален пристап до европското културно наследство почнува да се спроведува со брзо темпо. Во следните пет години над 6 милиони книги и други дела важни за културата ќе бидат достапни на интернет преку Европската дигитална библиотека. За да ја поттикне дигитализацијата, Европската комисија делумно ќе го финансира создавањето на пан-европска мрежа на центри за дигитализација.

Европската комисија ги објави резултатите од консултациите околу иницијативата за дигитални библиотеки. Резултатите покажаа дека мислењата се поделени околу прашањата поврзани со авторските права, поточно помеѓу културните институции и носителите на авторските права. Европската дигитална библиотека ќе се гради врз ТЕЛ инфраструктура (The European Library), што исто така ќе овозможи пристап до многу дигитализирани ресурси на библиотеките-учеснички.

До крајот на 2006г. Европската комисија треба да воспостави соработка меѓу сите национални библиотеки во Европската Унија, а во следните години соработката треба да се прошири и на архиви и музеи. Потенцијално, секоја библиотека, архива и музеј во Европа ќе може да ја поврзе својата дигитална содржина со он-лајн ресурсите до 2010г.

На 27 март 2006г. ќе се одржи прв состанок на тема Европска дигитална библиотека на високо ниво, а со него ќе претседава ЕУ комесарот за информатичко општество и медиуми, Вивиен Рединг. Состанокот ќе ги собере главните чинители од индустријата и културните институции и ќе ги разгледа прашањата поврзани со соработката меѓу јавниот и приватниот сектор за дигитализација и авторски права.

Извор: Европска комисија

(4691 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]