|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Телекомот доби конкуренција во меѓународните разговори
|
|
|
|
Телекомот доби конкуренција во меѓународните разговори |
|
|
|
9.03.2006. |
Граѓаните можат да разговараат по телефон со странство по цени пониски од тие на „Македонски Телекомуникации“. Фирмата „Нексттел“ потпиша договор со Телекомот за пристап кон фиксната мрежа, со што ги исполни сите законски услови за понуда на меѓународни телефонски повици преку интернет. Едноминутен телефонски разговор преку системот на „Нексттел“ кон САД, Канада, Австралија и ЕУ чини од 6 до 8 денари. Преку мрежата на Телекомот ваков повик чини 19 денари. Корисниците ќе имаат пристап до услугата со припејд картички во вредност од 250, 750 и 1.500 денари и со повикување на бесплатниот број 0 800 90 800.
Почетокот на работата на Нексттел сепак не може да се оцени како вистинска конкуренција на Телекомот, зашто фирмата нема да има претплатници, сопствена мрежа и нема да дава услуги за домашни разговори. До пред неколку месеци работеа неколку фирми, кои нудеа вакви услуги, но мораше да бидат затворени се додека не се усогласат со Законот за електронски комуникации. Во Телекомот велат дека веќе се поднесени 13 барања за пристап на фиксната мрежа и на сите е одговорено позитивно.
Маријан Гријаковиќ-Ѓуровски, директор на „Нексттел“, вели дека е сé уште рано да се разговара за услуги во домашните разговори, пред се, поради високите цени за интерконекција со кои не можат да бидат конкурентни на пазарот. „Нексттел“ изминативе месеци реагираше до ЕУ и меѓународните институции обвинувајќи дека Владата и Агенцијата за електронски комуникации не го либерализираат пазарот за телефонија, туку стојат зад интересите на монополот на Телекомот и свесно го опструираат работењето на конкуренцијата.
- Ова е само почеток на остварување на стратегијата на компанијата, која предвидува интерконекција со постојните оператори и активна улога на пазарот за интернет услуги. Тоа подразбира отворен и регулиран пазар на телекомуникациски услуги каде што важат правилата за сите - рече директор на „Нексттел“.
Директорот на Телекомот Атила Сендреи оцени дека договорот со „Нексттел“ е историски момент, кој ја овозможува долгоочекуваната конкуренција во фиксната телефонија.
- На овој начин со еден удар убиваме две муви. На ЕУ и докажуваме дека има либерализација на македонскиот телекомуникациски пазар и обезбедуваме поволности за корисниците - рече Сендреи.
Марјан Блажевски Извор: Дневник
(4893 hits/посети) |
|