Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Заеднички до дигитализација на книгите од Балканот
Заеднички до дигитализација на книгите од Балканот Испечати Е-пошта
13.03.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Заедничка стратегија за побрз пристап до новата Европска библиотека, засилена дигитализација на вредните текстови и поголема размена на информации и искуства во рамките на електронската мрежа за библиотечни податоци - КОБИС, потпишаа директорите на универзитетските библиотеки во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Договорот за заедничка соработка го потпишаа директорите на Националната и универзитетска библиотека од Сараево, на Народната и универзитетска библиотека од Љубљана, на Народната библиотека од Србија, на Централната народна библиотека од Цетиње, директорот на Институтот за информациски науки од Марибор, како и директорот на нашата Универзитетска библиотека, Борко Зафировски.

Според директорот на Универзитетска, Борко Зафировски, заедничкиот договор е примена на препораките од Европската Унија за развој на регионалната соработка.

- Ова е почеток на тоа што е сугестија од Брисел за развој на меѓународна и регионална соработка. Универзитетските библиотеки се чувари на културното богатство и без нив нема влез во Европската Унија. Овој договор е чекор поблиску до Европската библиотека, но и до европските институции - рече Зафировски на свеченоста во НУБ.

Според тој договор, библиотеките од регионот ќе подготват проекти со кои ќе привлечат и библиотеки од Бугарија, од Албанија и од Грција да се вклучат во КОБИС-мрежата. Ќе започнат и технолошка соработка, за да може што побрзо да се дигитализираат голем број списи и музички записи што потоа ќе бидат внесени и во каталозите на европските библиотеки.

Т.О.
Извор: Дневник

(4986 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]