|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Електронски потписи – правно признати, но споро се прифаќаат, извештај на Европската комисија
|
|
|
|
Електронски потписи – правно признати, но споро се прифаќаат, извештај на Европската комисија |
|
|
|
21.03.2006. |
Неволното прифаќање на алатките за електронски потписи го забавува порастот на трговијата на стоки и услуги преку интернет, се вели во извештајот за напредок на Европската унија објавен минатата недела. Сепак, растечкото користење на електронски лични карти и употребата на електронски потписи во е-владините услуги, како што е повратокот на данок на онлајн приход, се очекува да ја зголемат побарувачката во иднина. Извештајот потврдува дека Директивата за рамката на Унијата за електронски потписи за сега продолжува да биде добра основа за електронските потписи во внатрешниот пазар.
Стратешката улога на апликациите за јавни услуги е призната и во иницијативата и2010 на ЕУ која го поттикнува прифаќањето и ефикасното користење на информатичките и комуникациските технологии во јавниот и приватниот сектор. Потребата за безбедни електронски средства за идентификација за пристап и користење на јавните услуги е од суштинско значење за граѓаните и за бизнис-секторот и ќе го промовира користењето на електронски потписи.
Извор: Европска комисија
(4739 hits/посети) |
|