Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Работилница: Приватност при користење на информатичка технологија
Работилница: Приватност при користење на информатичка технологија Испечати Е-пошта
22.03.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 22 март 2006 г. во просториите на Стопанската комора на Република Македонија се одржа работилница под наслов „Приватност при користење на информатичка технологија“ во организација на Проектот за електронска влада на УСАИД во соработка со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Дирекцијата за заштита на лични податоци. На работилницата беа обработени темите за законодавството за заштита на личните податоци во ЕУ, приватноста во контекст на е-влада и е-бизнис, македонското законодавство од аспект на ИТ приватност и компјутерска сигурност.

Предавачи на работилницата беа г. Џејмс Демпси, Центар за демократија и технологија, г-а Маријана Марушиќ, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци и г. Миле Мицков, раководител на сектор во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

- Во ерата на информации, личните податоци стануваат високоценет производ кој се собира, акумулира, дели, а понекогаш и продава, на начини кои претходно не можеле ни да се замислат – рече г. Демпси. - Со започнувањето на извршувањето на услугите на електронски начин јавните институции веднаш ќе се соочат со зголемениот ризик од компромитирање и злоупотреба. Но, истовремено, зголемената употреба на информатичката технологија не мора да значи и помалку приватност. Технологијата може да се дизајнира на начин со кој ќе се зголемува приватноста.

Како претставник на Фондацијата Метаморфозис на работилницата учествуваше г. Бардил Јашари.
(5136 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]