Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Флеш вести arrow „Заврши си работа!“ - ЦД со слободен софтвер за канцелариско работење на македонски јазик
„Заврши си работа!“ - ЦД со слободен софтвер за канцелариско работење на македонски јазик Испечати Е-пошта
27.03.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

При подготовката на ЦДто беше извршена локализација на македонски јазик на програмскиот интерфејс на најновата верзија на програмскиот пакет Опен офис (OpenOffice.org), во соработка со граѓанското здружение Слободен софтвер Македонија.

Локализацијата се состоеше од две фази:

  1. Превод, извршен преку Преведувачки маратон, со учество на над 50 волонтери.
  2. Темелна стручна лектура и коректура на сите преведени стрингови, во контекст на самиот интерфејс (на „жива“ апликација), извршена од тим на лектори и информатичари.

Покрај Опен офис, на ЦДто се поместени и локализирани верзии на разгледувачот Фајрфокс (Firefox), програмата за е-пошта Тандербрд (Thunderbird), програмата за обработка на слики и фотографии Гимп (Gimp), како и друг слободен софтвер.

(6003 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]