|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Македонија на 82 место според Индексот на подготвеност за вмрежување
|
|
|
|
Македонија на 82 место според Индексот на подготвеност за вмрежување |
|
|
|
29.03.2006. |
Светскиот економски форум во соработка со ИНСЕАД го објавија „Индексот на подготвеност за вмрежување“ од Глобалниот извештај за информатичка технологија 2005-2006.
Индексот на подготвеност за вмрежување ја мери склоноста на земјите за искористување на можностите што ги даваат информатичките и комуникациските технологии за развој и зголемување на нивната конкурентност. Исто така, Индексот поставува широка меѓународна рамка која ги дефинира факторите кои го овозможуваат таквиот капацитет.
Индексот на подготвеност за вмрежување се состои од оценување на три индекси на компоненти и тоа: климата за ИКТ која ја нуди одредена земја или заедница, подготвеноста на главните чинители – индивидуалци, бизнис-сектор и владите, и степенот на користење на ИКТ од страна на овие чинители.
Извештајот опфаќа 115 земји во светот. На врвот се наоѓаат Соединетите Американски Држави, а по нив следат Сингапур и скандинавското трио Данска, Исланд и Финска.
Македонија се наоѓа на 82 место, додека Турција, која е рангирана како 48, ги предводи земјите-кандидатки за членство во Европската унија. Хрватска се наоѓа на 57 место. Само за споредба, Романија е рангирана како 58 земја, а Бугарија 64. (4907 hits/посети) |
|