|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Заробени милион празни ЦДa
|
|
|
|
Заробени милион празни ЦДa |
|
|
|
31.03.2006. |
Во акцијата за спречување на пиратеријата, што почна пред еден месец, околу еден милион празни компакт дискови се задржани на граница, затоа што немале декларација. Пазарната инспекција вели дека ги исчистила пазарите од пиратски снимени ЦД со филмови и музика токму затоа што не дозволува во земјата да влезат дискови на кои не е испишана фирмата и адресата на увозникот и извозникот.
- Акцијата почна од 24 февруари, по заклучок на Владата. Претходно, Пазарната инспекција, МВР и Царината направија анализа на состојбата. Сега, секој празен диск што се увезува мора да има декларација. Кога инспекторот ќе затекне пиратски снимено ЦД, а на него е напишан увозникот, тој ќе каже кому му го продал и ќе се открие кој го лиферувал пиратскиот материјал. Оттука потекнува и отпорот да се испечати увозникот на секое ЦД. Претходно, тие што ќе ги фатевме со пиратски копии, добиваа прекршочни пријави, но не се сузбиваше проблемот, вели директорот на Пазарната инспекција, Никола Колевски.
Инспекторите секојдневно ги контролирале ударните пунктови каде досега се продавале пиратски снимени дискови - на пазарите и на влезовите во трговските центри, пред Камен мост. Велат дека во помалите градови веќе е сузбиена продажбата на улица, а дека во Скопје можат да се најдат инцидентно. - Но, кога граѓаните ќе пријават, веднаш излегуваат инспектори на терен - велат во Пазарна инспекција.
Имало бројни реакции од увозниците. Само на еден од големите увозници на празни дискови во магацин му стојат околу 600.000 дискови кои се обидел да ги увезе откако почнала акцијата против пиратеријата. Тој ни изјави:
- Иста акција покренаа и Хрватска и Црна Гора, ова не е наша измислица. Нашите власти донесоа „инструкција“ и почнаа да бараат декларации. Сега се најавува воведување на дополнителна давачка од 3 денари по ЦД на увоз. Точно е, мене ми стојат во магацин голем број дискови, на дел испечатив декларации а дел ќе ги дадам за извоз - вели соговорникот.
Увозниците на празни дискови објаснуваат оти токму пред да стартува акцијата во Македонија влегле голема количина празни ддискови, преку две фирми, и дека сега на пазарот се трошат нивните. Кога ќе се потрошат, увозниците најавуваат дека ќе се зголеми шверцот на празни ЦД, посебно од Косово, зашто цената таму е пониска, а со дополнителната давачка, кај нас ќе бидат поскапи легално увезените празни ЦД.
А.С. Извор: Вест
(4794 hits/посети) |
|