Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Мобилните оператори да ги намалат цените за роаминг
Мобилните оператори да ги намалат цените за роаминг Испечати Е-пошта
4.04.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Македонските мобилни оператори ќе треба драстично да ги намалат цените на роамингот ако земјава сака брзо да стане членка на Европската Унија. Оваа препорака произлегува по последната одлука на Европската комисија, која ги задолжи европските мобилни оператори да го поевтинат роамингот за најмалку 60 отсто од почетокот на идната година.

- Регулативата на ЕУ се однесува само на мобилните оператори што работат во земјите-членки на Унијата. Но секако овие правила, како и сите други, ќе мора да бидат преземени и од сите земји-кандидати како дел од нивното брзо доближување до законите и стандардите на ЕУ - изјавија вчера во Европската комисија во Брисел.

Операторите молчат

Мобилните оператори во земјава не ја коментираат оваа препорака од ЕУ. „Мобимак“ и „Космофон“ всушност се релаксирани затоа што одлуката на Европската комисија не се однесува директно на Македонија.
Експертите сметаат дека во овој случај главната улога треба да ја одигра Владата со тоа што ќе изврши притисок врз мобилните оператори да ги намалат цените на роаминг-услугите.

- Од операторите нема да има добра волја. Затоа Владата треба да изврши притисок. Но со оглед на фактот дека сега се водат преговорите за дивидендата од Телекомот, тешко е да се верува дека Владата ќе го отвори прашањето за цените на роамингот. Инаку има многу инструменти во рака за да ги натера. На пример, може да им каже дека ако не ги намалат цените, веднаш ќе распише тендер за трет мобилен оператор - велат познавачите на оваа дејност.

Од давање роаминг-услуги компаниите за мобилна телефонија остваруваат значителни приходи. Според експертите, тие се движат од пет до десет отсто од вкупните годишни приходи. Така на пример во 2004 година од 134,9 милиони евра, колку што изнесувале приходите на „Мобимак“, од шест до 13 милиони евра биле од роаминг.

Целта е намалување на приходите

Токму поради ова, европските мобилни оператори остро се противат на последната уредба на Европската комисија, која ја претстави претставничката за информатичко општество и медиуми Вивиан Рединг. Се проценува дека мобилните оператори во ЕУ поради ова ќе изгубат 15 до 20 отсто од приходите, а граѓаните ќе плаќаат во просек за 60 отсто помали сметки од сегашните.

Рединг во минатата недела доби поддршка од шефовите на држави или влади на сите 25 земји-членки. Уредбата ја поддржаа Бугарија и Романија, а Хрватска и Турција, кои преговараат за членство, исто така ќе мора да ја преземат во своето законодавство.

Главното начело на оваа уредба е што корисникот, без разлика во која земја се наоѓа, во роаминг ќе разговара по цена на национален повик. Дојдовните повици на мобилниот ќе станат бесплатни.

ГСМ-здружението, кое обединува 680 оператори од целиот свет, го оцени законот како непредвидлив, неприфатлив и непотребен. Тоа наведува дека многу оператори веќе ги намалиле цените на роамингот. Но Рединг тврди дека со сегашните цени на роамингот корисниците практично се казнети кога со мобилниот телефон ја преминуваат границата.

Извор: Дневник

(4823 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]