Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Владата го направи Мајкрософт монопол
Владата го направи Мајкрософт монопол Испечати Е-пошта
25.03.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Договорот е потпишан без тендер и без јасна стратегија за информатичкиот развој.

Договорот е потпишан без тендер и без јасна стратегија за информатичкиот развој.

Државната комисија за спречување на корупцијата на вчерашната седница оцени дека договорот што Владата го потпиша со Мајкрософт е спроведен со нејавна постапка, без јавен тендер и без почитување на Законот за јавни набавки.

Комисијата во соопштение истакнува дека не биле земени предвид сите алтернативи за користење софтвери од други производители.
- Со Договорот ефектно и директно се создава уште еден монопол во Република Македонија, покрај тие во Окта, телекомот и други - се вели во истото соопштение.

Антикорупциската комисија смета дека Владата влегува во долгорочна лиценцна зависност од Мајкрософт, што ќе значи голем трошок за постојано плаќање нови верзии.

- Владата го потпишала договорот без јасна стратегија за натамошната ориентација за развој на информатичката технологија во државните институции, како и за развојот на домашните компании од оваа сфера.

Во согласност со договорот, плаќањето на обврските на Владата што произлегуваат од договорот ќе се врши директно на сметка на Мајкрософт - се истакнува во соопштението. 

       


(2950 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]