Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Македонски инсталациски фестивал 2006
Македонски инсталациски фестивал 2006 Испечати Е-пошта
12.04.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Во сабота и недела (15 и 16 април 2006) во просториите на Народна техника од 11 до 21 часот ќе се одржи Третиот инсталациски фестивал на Слободен софтвер Македонија. Покрај инсталирањето на слободен софтвер за посетителите ќе има и предавања, работилници, дискусии и многу повеќе...

Инсталациски фестивал е настан на кој масовно се инсталира слободниот оперативен систем ГНУ/Линукс. Посетителите треба да дојдат со своите компјутери и таму ќе добијат стручна помош од искусни корисници за спроведување на инсталацијата. Покрај инсталирањето на слободен софтвер, посетителите ќе можат слободно да копираат дискови со апликативен софтвер.

Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на Википедија.

Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество.

Инсталацискиот фестивал 2006 е поддржан од Фондацијата Метаморфозис.
(5796 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]