Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Електронски систем за водење на буџетскиот процес во Македонија
Електронски систем за водење на буџетскиот процес во Македонија
Проектот за е-Влада на УСАИД и Министерството за финансии на Република Македонија потпишаа спогодба за започнување со проектот за креирање на он-лајн решение за подготовка и следење на буџетот на Република Македонија. Софтверот за електронскиот систем за водење на буџетскиот процес ќе го финансира УСАИД.
Со имплементацијата на новиот електронски систем за водење на буџетскиот процес се очекува во голема мера да се намали административниот товар што Министерството за финансии и буџетските корисници го имаат при подготовката на буџетот. Креирањето и имплементацијата на овој електронски систем ќе го изготви Министерството за финансии во соработка со УСАИД и техничка поддршка од Трезорот на САД.
- Ова ќе биде софистициран систем кој нуди можност за подобрување на транспарентноста на буџетскиот процес. Со примена на новиот систем, доставувањето на буџетските барања на буџетските корисници може да се одвива брзо и точно – истакна Јеркер Торнгрен, директорот на проектот за е-Влада на УСАИД. (5424 hits/посети)