|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Конференција на тема „Градење култура на интернет-безбедност во Македонија“
|
|
|
|
Конференција на тема „Градење култура на интернет-безбедност во Македонија“ |
|
|
|
21.04.2006. |
На 18 април во Клубот на пратеници во Скопје се одржа конференција на тема „Градење култура на интернет-безбедност во Македонија“ во организација на УСАИД. Цели на конференцијата беа: да ја демонстрира подготвеноста на македонските интернет-провајдери за исполнување на минималните безбедносни барања и нивната определба за постојано подобрување на безбедноста во наредните години. Таа подготвеност ќе биде промовирана во САД за македонските интернет-домени да бидат симната од црната листа.
Воведни излагања одржаа Дик Голдман, директор на мисијата на УСАИД и Сузи Хаген раководител на МЦА.
Рајан Калембер од Верисајн го презентираше истражувањето на тема Компјутерски криминал во Македонија (Cybercrime in Macedonia, Report Results and Action Items) чии резултати ќе послужат како основа за идните напори за симнување на Македонија од црните листи за е-трговија и подобрување на перцепцијата на земјата во однос на погодноста за соработка со мултинационалните компании.
Потоа, претставниците на Македонски Телекомуникации, Томас Конја и Огнен Фирфов, ја презентираа инфраструктурата и практиката на најголемиот македонски интернет-провајдер во поглед на подготвеност за електронски финансиски трансакции.
Наместо заклучок, г. Калембер ги изложи наредните чекори од иницијативата - зајакнување на соработката на УСАИД со сите македонски интернет провајдери, подготовка на Декларација за безбедноста, како и други активности за јакнење на јавната свест, лобирање и застапување.
(5405 hits/посети) |
|