|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Македонија прва по интернет во училиштата
|
|
|
|
Македонија прва по интернет во училиштата |
|
|
|
26.04.2006. |
|
Македонија ја доби првата награда на светско ниво за компјутеризација и безжично поврзување на училиштата.
Министерот за образование и наука, Азис Положани, вчера соопшти дека Министерството е добитник на наградата „Одличност во информатичката технологија“ за 2006 година што ја доделува Светската алијанса за информатичка технологија и услуги со седиште во САД. Наградата е доделена во категоријата „Дигитална перспектива“ за проектот „Македонија - прва безжична земја“. Според министерот Положани компјутери има во сите основни и средни училишта, но тој е загрижен од недоволната употреба на интернетот што е на незадоволително ниво. Положани најави дека Министерството планира воведување интернет во студентските домови, иако во сегашниот буџет ги нема сите потребни средства за тоа. Извор: Утрински весник
(4732 hits/посети) |
|