Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Уапсен поради хакерство во интернет комуникација
Уапсен поради хакерство во интернет комуникација Испечати Е-пошта
26.03.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Вработен во Интернет туристичка агенција во Јужна Кореа, користејќи хакерски програм, незаконски ги следел разговорите на своите колеги ...

Еден 26 годишен вработен во Интернет туристичка агенција во Јужна Кореа, користејќи хакерски програм, незаконски ги следел разговорите кои неговите колеги ги воделе преку интернет месинџер програмите и ги пријавувал на раководството на компанијата.

Поради овој престап, тој бил отпуштен од работа и уапсен.

Бидејќи употребата на месинџер програми за испраќање и примање на куси пораки станува се пораспространета меѓу интернет корисниците, се почесто се појавуваат и случаи на хакерско следење на тие разговори.

Според законската регулатива за заштита на информациите, во Јужна Кореа, следењето на нечии лични информации или нечија комуникација по телефон, интернет или други видови информациски канали за комуникација, претставува законски престап.

Според овој закон, оние кои извршиле ваков престап добиваат казна затвор до максимум 5 години или треба да платат парична казна од 50 милиони јужно-корејски вони што е нешто повеќе од 43 000 американски долари.


(3385 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]