|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Open Document Format изгласан од страна на ISO/IEC
|
|
|
|
Open Document Format изгласан од страна на ISO/IEC |
|
|
|
5.05.2006. |
|
На 1-ви мај во Женева Меѓународната организација за стандардизација го изгласа Open Document Format на OASIS за канцелариски апликации или скратено ODF како стандард за зачувување на податоци во сите канцелариски апликации. Поточно, неговиот тековен статус е 40.60, но бидејќи пријавата е усвоена без негативни гласови, значи дека следната фаза е 40.99 и конечното усвојување како стандард е само формалност.
Ова е од огромно значење за широко прифаќање на ODF, а со тоа и на OpenOffice.org којшто се базира на него, од страна на владите во Европската унија. OpenOffice.org е целосно преведен на македонски јазик, а македонската верзија за сите позначајни оперативни системи можете да ја преземете од тука. (4643 hits/посети) |
|