Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Информатичкиот сектор во Македонија е блиску до светскиот
Информатичкиот сектор во Македонија е блиску до светскиот
- Секторот за информатичка технологија во Македонија можеби е најкомпатибилен со тој во Европа и во светот - изјави претседателот на владината Комисија за информатичка технологија, Јани Макрадули, на вчерашната Регионална конференција и Денови на МАСИТ.
Тој посочи дека во последните месеци од индексот седум Македонија се качила на индекс 35,7 за користење на информатичката технологија.
- Македонија покажа дека може да направи релативно голем скок во примената на модерните технологии и на информатиката - рече Макрадули.
Владата од вчера комуницира со министерствата на електронски начин. Плаќање на сметки во банки и уплата на пензиски придонеси исто така може да се изврши по електронски пат, јави МИА.
Според Макрадули, цената на интернетот не е пресудна ако се увидат неговите предности за штедење време и пари. Тој смета дека до поевтин интернет може да се стигне со поголема конкуренција меѓу операторите и со поголем број корисници.