Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Првиот македонски образовен веб-портал пуштен во употреба
Првиот македонски образовен веб-портал пуштен во употреба
Новиот веб-портал кој им овозможува на наставниците, родителите и учениците од секое училиште во Македонија да разменуваат искуства, споделуваат извори и позитивни примери е пуштен во употреба. Овој веб-портал е првиот од ваков вид во Македонија.
- Овој образовен портал е креиран да им помага на наставниците, учениците и родителите за подобро да комуницираат, подобро да споделуваат информации и подобро да се врши образувањето на македонските ученици за 21 век – изјави Џилијан Миловановиќ, амбасадорка на САД во Македонија, во нејзиното обраќање по повод свеченото објавување на веб-порталот на 11 мај 2006.
Порталот ќе им овозможи на сите училишта во Македонија да креираат свои веб-сајтови кои ќе бидат поврзани преку овој портал. Исто така, се очекува сите наставници и ученици да имаат свои адреси за е-пошта поврзани преку порталот.