|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Можно е Групата СЦО да ги тужи крајните корисници на Линукс
|
|
|
|
Можно е Групата СЦО да ги тужи крајните корисници на Линукс |
|
|
|
30.03.2004. |
|
СЦО Групата можно е да започне со покренување на тужби против крајни корисници на Линукс...
Можно е СЦО Групата да започне со покренување на тужби против крајните корисници на Линукс, повикувајќи се на членот 1202 од Актот за авторски права во дигиталниот милениум или DMCA (The Digital Millennium Copyright Act).
Овој член забранува отстранување на ознаките за авторски права, за кои СЦО тврди дека недостасуваат во некои од насловните фајлови.
Моќта на СЦО да ги одбрани сопствените права во согласност со членот 1202, ќе зависи од тоа дали таа ќе успее да покаже дека навистина ги поседува авторските права на насловните фајлови и дали воопшто насловните фајлови можат да бидат заштитени со авторски права.
Нема да биде едноставно, СЦО Групата да докаже дека ознаките за авторските права биле намерно отстранети.
(2660 hits/посети) |
|