Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Институциите се отвораат за граѓаните
Институциите се отвораат за граѓаните Испечати Е-пошта
12.05.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Комисијата за слободен пристап до информации ќе профункционира од септември. Од есенва граѓаните ќе можат да се обратат до неа доколку сметаат дека им е скратено правото да ги добијат бараните податоци во институциите. Комисијата вчера одржа конститутивна седница и ја промовира својата работа. Членови на Комисијата ќе бидат дел од вработените во Агенцијата за информации, која ќе престане да постои. За другите сè уште се размислува каде да се прераспределат.  

За претседател на Комисијата е именуван Јанко Николовски, досегашен раководител на сектор во Агенцијата за информации, а негов заменик ќе биде Хајрула Мисини, кој и досега бил заменик во Агенцијата. За членови се именувани и  Љубица Станојовска и Олга Пешевска-Тричковска, кои работеле во Агенцијата, и Жанета Трајкоска, директор на Македонскиот институт за медиуми, како надворешен член.

Ж.Ѓ.
Извор: Утрински весник

(4715 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]