|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Конкуренцијата му ѕвони на Телекомот
|
|
|
|
Конкуренцијата му ѕвони на Телекомот |
|
|
|
16.05.2006. |
Идните фиксни оператори се подготвени да им понудат поевтини локални телефонски разговори на граѓаните ако е утврдена поволна цена за користење на централите и на мрежата на „Македонски телекомуникации“.
Агенцијата за електронски комуникации во минатата недела ја одобри референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО). Со неа Телекомот како оператор со значителна пазарна моќ е обврзан да им ги изнајмува централите и електронската комуникациска мрежа на новите оператори. Со тоа, тие ќе имаат пристап до крајните корисници преку бакарните водови на Телекомот без да мора да градат сопствена мрежа.
Предраг Чемерикиќ, директор на „Он.нет“, вели дека не ја знае сé уште содржината на понудата.
- Не очекувам примамливи и добри цени, кои ќе отворат простор за конкуренција. Се надевам дека нема да биде како со цената за интерконекција, која очекувам дека ќе се намали по анализата на странските експерти. Сепак, од некаде мора да се почне. На усвојување на оваа понуда чекавме долго. Ова значи дека не мора да копаме канали за да поставуваме кабли до крајните корисници, туку тие ќе може да ги користат нашите услуги преку безжична мрежа или централите на телеком - вели Чемерикиќ.
Агенцијата за електронски комуникации во референтната понуда го утврдила месечниот надоместок за целосно разврзан пристап на локална јамка, надоместокот за поделен пристап на локална јамка, како и надоместоците за физичка и оддалечена колокација.
- Надоместоците се утврдени врз основа на извршена споредбена анализа на пазарите на електронски комуникации на европски држави. Сметаме дека со висината на надоместоците и со роковите за спроведување, алтернативните оператори ќе најдат економски интерес за влез на пазарот. Со ова, ќе се овозможи конкуренција на пазарот на говорни услуги и широкопојасните услуги - велат во Агенцијата.
Идните оператори како пречка за развој на конкуренцијата ја посочуваат цената за поврзување со мрежата на „Македонски телекомуникации“ и бараат таа да се намали. Поради високата цена, речиси четири месеци по усвојувањето на референтната понуда за интерконекција, ниту една од околу 30 нотифицирани фирми за телекомуникациски услуги нема потпишано договор со Телекомот.
Марјан Блажевски Извор: Дневник
(4830 hits/посети) |
|