Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow УСАИД ги објави резултатите од истражувањето „Употреба на компјутери и интернет во Македонија“
УСАИД ги објави резултатите од истражувањето „Употреба на компјутери и интернет во Македонија“ Испечати Е-пошта
23.05.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 22.05.2006 г. во ресторанот „Ден и ноќ“ во Скопје се одржа презентација на резултатите од истражувањето за „Употреба на интернет и компјутери во Република Македонија“ во организација на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). Анкетата беше финансирана од страна на УСАИД, а ја спроведе компанијата Стратешки маркетинг и медиуми.

Излагање на презентацијата имаа Глен Страхан, директор на проектот MK Connects, Александар Билбилов, директор за поврзување и апликации на проектот MK Connects и Ѓорѓи Митевски, претставник на компанијата Стратешки маркетинг и медиуми.

Глен Страхан накратко го опиша проектот MK Connects, преку кој е обезбеден широкопојасен интернет за 545 основни и средни училишта, универзитети и ученички домови, како и за повеќе НВОи и други институции во Република Македонија. Исто така г. Страхан наведе неколку примери за полезноста на интернетот за земјите во транзиција, како и за развиените земји. Како одличен пример за примена на интернетот за развој на економијата и стопанството ја посочи Естонија и нејзината брза експанзија на полето на ИКТ.

Александар Билбилов ги објасни причините за спроведување на ова истражување, како и придобивките на граѓаните од проектот „MK Connects“. 

Ѓорѓи Митевски одржа кратка презентација на резултатите од спроведеното истражување. Скоро третина од сите Македонци редовно користат интернет и скоро половина користат компјутери. Значително зголемување се случило за време на изминатите 6 месеци, додека најголемото зголемување се случило во круговите на помладите корисници (4-19 години). 

Најважните три наода од истражувањето се:
  • 43% од населението во Македонија користи компјутери додека 27% користат интернет, што покажува дека напорите да се зголеми пристапот се делотворни.
  • Процентот на населението што дома има компјутер изнесува 37% на национално ниво, додека 13% од популацијата има пристап до интернет дома, што покажува дека пазарот за развој на информатиката е добар. (Во Скопје 48% од населението има компјутер дома, додека 21% има пристап до интернет).
  • 8% од сите корисници на интернетот започнале да го користат за време на изминатите 6 месеци, а најголем број „нови“ корисници се млади луѓе што покажува дека достапноста на интернетот во училиштата навистина вродува со плод.

Копии од анкетата може да се преземат од http://macedonia.usaid.gov

(6498 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]