|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Привилегиите на Телекомот ќе се стопат во јули
|
|
|
|
Привилегиите на Телекомот ќе се стопат во јули |
|
|
|
23.05.2006. |
Концесиските договори на „Македонски телекомуникации“ и на двата мобилни оператора „Мобимак“ и „Космофон“ ќе бидат усогласени со одредбите на Законот за електронските комуникации најдоцна до крајот на јули.
Меѓуресорска владина работна група, со консултантската куќа „Дилојт и Туш“, која кон крајот на март беше избрана да помага во постапката, заедно со претставници на компаниите ќе треба да ги усогласат ставовите за привилегиите, односно правата и обврските што им се налагаат на операторите согласно со законот. Најчувствителен дел од усогласувањето ќе бидат одредбите за цените на услугите и формулата за нивно формирање.
ЕУ препорача што побрзо да се укинат концесиските договори со кои им се дадени ексклузивни права на Македонски телекомуникации, „Мобимак“ и „Космофон“, со цел да се развие конкурентен пазар на електронски комуникации на кој ќе има место и за други оператори.
Концесиските договори, според Законот за електронските комуникации, не постојат како правен документ. Концесијата нема да постои, бидејќи операторите треба да се регистрираат, односно нотифицираат во Агенцијата за електронски комуникации. По донесувањето на Законот за електронските комуникации, усогласувањето на концесиските договори беше посочувано како една од пречките за целосна либерализација на телекомуникацискиот пазар, особено ако се имаат предвид привилегиите што со ваквиот документ му се дадени на Македонски телекомуникации до 2018 година. Процесот на усогласување доцни. Требаше да заврши до ноември минатата година, но работите се одложија поради доцнењето на изборот на консултантска куќа. Иако законот предвидува процесот за усогласување да трае четири месеци, ќе се направат напори рокот да се забрза, со оглед на тоа дека во јуни почнува кампањата за парламентарните избори.
Марјан Блажевски
Извор: Дневник
(4660 hits/посети) |
|