Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Оракл се вклучува во трката за доближување на RFID до трговците
Оракл се вклучува во трката за доближување на RFID до трговците Испечати Е-пошта
1.04.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Оракл се обидува да профитира од една технологија која сеуште е во развој, наменета да овозможи компјутерските мрежи безжично да „држат на око“ различни предмети...

Оракл се обидува да профитира од една технологија која сеуште е во развој, наменета да овозможи компјутерските мрежи безжично да „држат на око“ различни предмети, на пример, жилети, лекови на рецепти, свечени кошули...

Технологијата е позната како идентификација на радио фреквенција или RFID (radio frequency identification)  и големите компании, како што се Вал-Март Сторс и Проктер & Гембел, инвестираат во неа очекувајќи дека RFID ќе им ги скрати трошоците за попис на нивниот инвентар за повеќе милијарди долари.

Во вторникот, Оракл разгледуваше планови за развивање на мидлвер за RFID, придружувајќи им се на тој начин, на ривалите АјБиЕм, Мајкрософт и други, во трката за создавање софтверски програми специјално дизајнирани да можат да се справат со лавината податоци која ќе биде предизвикана од појавата на RFID системите. Оракл и нејзините конкурентски фирми велат дека информациско-технолошките системи кои во денешно време се користат во повеќето компании, не се опремени и адаптирани за свет во кои милијарди предмети известуваат за нивната моментална локација.

Оракл планира да ги изгради капацитетите за обработка на податоците од RFID преку издавање на програми за сервери на бази на податоци и апликации, кои треба да излезат ова лето. Алисон Фрајхоф, подпретседател на Оракл Сенсор-Бејсд Сервис, рече дека планот е во овој софтвер да вклучат специјални програми, наречени драјвери за уредот (направата, апаратот). Драјверите се техничкиот мост кој овозможува компјутерите, кои го користат софтверот на Оракл, да комуницираат со читачите на RFID, кои пак безжично збираат податоци за предметите што се во неговиот домен. 

Оракл соработува со голем број производители на читачи на RFID, вклучувајќи ги Ејлиен Технолоџи и Интермек Технолоџис, кои ги развиваат програмите за драјверите. Оракл исто така работи и на развивање на „рамковен драјвер за уредите“ кој ќе им помогне на компаниите да раководат и изградат апликативен софтвер за нивните RFID системи, рече Фрајхоф.

Фрајхоф додаде и дека Оракл очекува прифаќањето на RFID да ја зголеми побарувачката на нивата база на податоци, апликативниот сервер и бизнис апликативните програми, додека другите компании се мачат како да ги осмислат податоците од RFID. Компанијата планира да издаде готова верзија на RFID во јуни, оваа година.

АјБиЕм и Мајкрософт, кои се натпреваруваат со Оракл на софтверскиот пазар за бази на податоци, исто така развиваат мидлвер за RFID, како и голем број на помали, специјализирани компании, меѓу кои и ОАТСистемс.

 


(2934 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]