|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести 70% од софтверот во Македонија е нелегален
|
|
|
|
70% од софтверот во Македонија е нелегален |
|
|
|
24.05.2006. |
Според последното истражување што го објави БСА - Алијансата на комерцијален софтвер (Business Software Alliance) на тема „Глобална пиратерија во 2005“ 70% од софтверот што го користеле македонските граѓани во 2005 година е нелегален. Загубите поради користење на нелегалниот софтвер во нашата земја се проценуваат на околу 9 милиони долари.
Сепак се забележува тренд на благо опаѓање на користењето на нелегален софтвер во Македонија, споредено со 2004г. кога стапката на користење пиратски софтвер изнесувала 72%.
Во споредба со соседите, Македонија и не котира толку лошо. Само Грција има помала стапка на користење нелегален софтвер од 64%, додека во Бугарија 72% од софтверот е нелегален, а во Албанија 76%. Во Србија, која во ова истражување е опфатена заедно со Црна Гора, стапката на користење пиратски софтвер изнесува 81%, со што се вбројува во првите 20 земји со највисока стапка на користење нелегален софтвер (19 место).
Истражувањето покажува дека во светски рамки 35% од софтверот инсталиран на персоналните компјутери е нелегален, а загубата на глобално ниво предизвикана од пиратеријата изнесува 34 милијарди долари. Сепак, оценка на БСА е дека позитивниот тренд на некои пазари покажува дека образованието и присилните мерки даваат резултат во некои земји со економии во развој, како што се Кина, Русија и Индија, како и земјите од Централна и Источна Европа и Средниот Исток и Африка. Највисока стапка на користење нелегален софтвер имаат Виетнам и Зимбабве и таа изнесува 90%, додека САД со 21% и Нов Зеланд со 23% се земји со најмала стапка на пиратски софтвер.
Извор: БСА
(5076 hits/посети) |
|