Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Преглед на законите за слобода на информации во светот Испечати Е-пошта
6.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Роџер Флегелс, независен консултант од Холандија, на 1 февруари со помош на мрежата Адвокати на слободата на информациите објави сеопфатен преглед на ситуацијата со законите за слобода на информациите во светот.
Документот нуди комплетна слика на донесувањето на законите за слобода на информациите во светот, а земјите се поделени во пет групи.

Првата група (А) опфаќа 68 земји во кои законите за слобода на информациите се одобрени или донесени и имаат официјални датуми на донесување, датуми за стапување во сила како и име на законот. Земјите се наведени по хронолошки редослед според датумите на донесување на законите, по азбучен редослед и групирани според континенти.

Групата Б е листа на земји во кои законот за слобода на информации сè уште не е на сила или пак е во процедура, додека групата Ц е листа на земји во кои воопшто не е ништо направено во оваа насока.

Последната група (З) е листа на земји во кои, според мислењето на авторот, законите за слобода на информации се на сила само формално. Во ЕУ постојат три земји во кои сè уште нема официјален закон за пристап до информации, а тие се: Кипар, Луксембург и Малта. Исто така, ситуација во некои мали држави како што се: Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан е нејасна.

Последните вести за пристапот до информации во Европа доаѓа од Германија каде Законот за слобода на информации на сојузно ниво (Informations-freiheitsgesetz IFG) стапи на сила на 1 јануари 2006г. (претходно само 4 од вкупно 16 германски покраини имаа вакви закони) 9 во Македонија каде што во јуни 2006г. на сила ќе стапи потполно нов Закон за пристап до информации.

Г. Флегелс има намера да ја ажурира листата еднаш или двапати годишно и е отоврен за коментари и корекции.

Преглед на законите за слобода на информации во светот (1.02.2006г.) 'The Fringe' – месечна брошура што се дистрибуира на е-пошта од Холандскиот правен советник за слобода на информации, Роџер Флегелс. За да се претплатите испратете е-пошта на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете (претплатата е бесплатна, но доброволните прилози се добредојдени – 24 евра за лица).

 ЕДРИ-грам: Слобода на информации во Германија и Велика Британија (29.05.2005)

ЕДРИ-Грам: Закон за слобода на информациите во Македонија (19.01.2006)  


(4089 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]