|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
|
|
МУТ бара код на однесување за борба против глобалниот спем |
|
|
|
6.06.2006. |
|
Во извештај подготвен од Меѓународната унија за телекомуникации (МУТ) на тема спем се вели дека поефективен пристап би бил барање за воспоставување на задолжителен код на однесување од интернет-провајдерите, но истовремено и промоција на анти-спем легислатива во сите земји во светот.
МУТ неодамна го објави седмото издание на Трендови во реформите во телекомуникацискиот сектор што ги испитува регулаторските предизвици и можностите за овозможување развој на ИКТ. Извештајот им дава на регулаторите алатки кои можат да ги искористат за промоција на ефикасен и иновативен развој и употреба на ИКТ во конкурентна околина. Седмото издание кое е достапно на веб-сајтот на МУТ содржи извештај подготвен од Џон Палфреи, извршен директор на Беркман Центарот за интернет и општество, на тема сегашните проблеми со глобалниот спем и можни решенија.
Во извештајот, кој во вид на нацрт-извештај беше претставен и на Глобалниот симпозиум за регулатори одржан на 14 и 15 ноември 2005 г. во Тунис во предвечерието на втората фаза од Светскиот самит за информатичко општество (ССИО), се вели дека напорите кои ги прават владите во борбата против внатрешниот спем преку откривање на спемерите и нивно изведување пред суд имаат ограничено влијание. Предложените решение претставуваат комбинација на неколку пристапи, вклучително и анти-спем закони кои ќе бидат промовирани во сите земји, задолжителен код на однесување, а исто така и активности во областа на образованието и подигнување на свеста.
Во извештајот се заклучува дека: „И покрај идните предизвиците регулаторите треба да поттикнат донесување на анти-спем закон кој ќе биде сличен, колку што е тоа можно, со тој во другите земји. Таков анти-спем закон може да вклучи креирање задолжителен код на однесување за интернет-провајдерите, поставувајќи ја одговорноста за намалувањето на спемот поблиску до техничката експертиза.“
Од друга страна, пак, други големи играчи на полето на интернет-услугите разгледуваат поинакви пристапи. Неодамна АОЛ објави контроверзен план според кој ќе се им наплаќа на оние кои пуштаат голем број електронски пораки за да не бидат спречени од нивниот анти-спем систем.
Голема коалиција во која се вклучени MoveOn, фондацијата Electronic Frontier и Gun Owners of America го објавија нивниот план кој е спротивен на оној на АОЛ со образложение дека тој ќе креира нефер систем за испраќање електронски пораки. Креиран е веб-сајт за сите НВОи или личности кои ја поддржуваат опозицијата. Групата вели дека плаќањето нема да гарантира дека пораката е легитимна и дека програма за потпишани е-пораки нема да им помогне на непрофитните организации и операторите на мејлинг-листи чиишто легитимни пораки често погрешно се сметаат за спем.
Трендови во реформите во телекомуникацискиот сектор 2006: Регулирање во светот на бродбендот (8.03.2006)
Седмо издание: Спротивставување на меѓународната плима на СПЕМ (8.03.2006)
Дали блокирачите на спем се премногу строги? (06.03.2006)
Отворено писмо до АОЛ (28.02.2006)
(3927 hits/посети) |
|