Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Лиценцата за Креативни заеднички содржини прифатена во холандските и шпанските судови Испечати Е-пошта
6.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Првиот судски случај за валидноста на лиценцата за Креативни заеднички содржини резултираше со апсолутна победа на корисникот на лиценцата. На 9 март 2006 г. окружниот суд во Амстердам пресуди дека неделниот таблоид „Weekend“ не може да објави фотографии кои веќе биле објавени под некомерцијална лиценца на креативни заеднички содржини. Семејните фотографии фотографијани биле од Адам Кари, познат во интернет-круговите како човек кој го промовира подкастингот. Кари ги објавил фотографиите на специјализираниот сајт за фотографии Фликр под лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови (Attribution-Noncommercial-Sharealike) со текст „оваа фотографија е јавна“ и врска до соодветната лиценца. Таблоидот ниту побарал ниту добил претходна дозовола.

Кари тужел за нарушување и на авторските права и на приватноста. Таблоидот се бранел дека не ја разбрал врската кон лиценцата за Креативни заеднички содржини. Исто така, таблоидот тврдел дека не треба да има отштета биде фотографиите во секој случај веќе биле достапни бесплатно на веб-сајтот Фликр.

Судот решил дека авторското право било неоспорно. Особено професионалец како издавачот на таблоидот треба темелно да провери пред да објави слики симнати од интернет. Професорот Бернт Хугенхолц, директор на Институтот за информатика при Универзитетот во Амстердам и главен креатор на холандската лиценца за Креативни заеднички содржини е презадоволен од пресудата. Ова е неговиот коментар од мејлинг-листата на Креативни заеднички содржини:

- Одлуката на холандскиот суд е особено важна затоа што потврдува дека условите на лиценцата за Креативни заеднички содржини автоматски се применува за содржините објавени под таа лиценца и е обврзувачка за корисниците и без нивна согласност или запознатост со условите на лиценцата.

Неколку недели порано, на 17 февруари 2006 г. содот во Бадахоз во Шпанија донесе одлука против СГАЕ, шпанско здружение за собирање музички права, а во корист на сопственик на бар кој пуштал музика лиценцирана под лиценцата на Креативни заеднички вредности. Судот решил дека музиката која се пуштала во барот „Метропол“ во периодот меѓу месец ноември 2002 година и месец август 2005 годинане била лиценцирана од здружението. Од друга страна, пак, лиценцата на Креативни заеднички содржини дозволувала јавно емитување на делата.

Целосен текст од одлуката на окружниот суд во Амстердам (само на холандски, 09.03.2006)

Мејлинг-листа со дискусии на тема Креативни заеднички содржини

Целосен текст на одлуката на судот во Бадахоз (само на шпански, 17.02.2006)

Шпанскиот суд ја признава музиката лиценцирана под лиценцата Креативни заеднички содржини (23.03.2006)

 


(4728 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]