Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Отштета за онлајн клевети во Велика Британија Испечати Е-пошта
6.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Смит бил учесник во дискусија за војната во Ирак во форум за дискусија воден од Јаху!. Трејси Вилијамс, исто така учесничка во дискусијата, под псевдоним поставила голем број клевети за Смит на интернет-форум нарекувајќи го „засален мозок“, „Нацист“, „расист“ и „бескрупулозен“. Исто така, таа додала дека тој сексуално малтретирал колешка.

Иако во месец јуни 2004 година Смит добил судска наредба која му овозможува да го идентифукува лицето што ги поставило клеветите, Вилијамс продолжила со клеветите и во 2005. Смит ја тужел и судијата Алистер Мекдаф оценил дека недвосмислено се работи за клевети а пресудил дека Смит треба да добие 10.000 фунти, 5.000 за општа штета и 5.000 како отштета за однесувањето на г-а Вилијамс. Судијата издал и забрана повторување на клеветите од страна на г-а Вилијамс и и наложил да плати 7.200 фунти судски трошоци. Г-а Вилијамс не ја обжалила одлуката.

- Задоволен сум од одлуката на судот, но компаниите кои хостираат онјалн форуми треба да бидат подготвени да се вклучат во модерирање на клевети – изјавил Смит за „Гардијан“.

Правните експерти сметаат дека овој случај, кој е прв од ваков вид, треба да биде предупредување дека законите за клевета важат и на форумите, мејлинг-листите и личните блогови исто како што важат и за коментарите објавени во писмо со новости.

Од друга страна, Марк Стивенс, директор на право за медиуми при Finer Stephens Innocent смета дека случајот треба да донесе поширока дискусија околу тоа дали вакви случаи треба да се најдат пред суд. Форумите се самостојно модерирани и имаат ограничена распространетост. Поголемиот број на такви случаи се решени многу полесно затоа што жалбите се адресирани до интернет-провајдерите и сопствениците на сајтот кои ќе ја отстранат клеветата штом ќе се појави.

Пратеник на Независната партија на Велика Британија доби отштета од 10.000 фунти за клевета објавена на интернет (21.03.2006)

Отштета од 10.000 фунти за клевета објавена на интернет (23.03.2006)

Предупредување за корисниците на форуми по отштета за човек наречен Нацист (23.03.2006)


(3973 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]