Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ЕУ ќе гони кривично за прекршување на права на интелектуална сопственост Испечати Е-пошта
6.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Европската комисија (ЕК) повторно го актуализира предлогот секакво прекршување на правото на интелектуална сопственост во „комерцијална сфера“ да се смета за незаконско откако Европскиот суд на правдата одлучи дека ЕК може да вклучи криминални престапи во нивните Директиви.

Предлогот, исто така, ќе ги смета за незаконски „обид, помагање или соучество и поттикнување“ на прекршување и ќе воведе повеќегодишна затворска казна, конфискување на опремата и казни од илјадници евра. Со ова се оди многу подалеку од обврските на ЕУ преземени со Договорот со Светската трговска организација за аспектите на правото на интелектуална сопственост во врска со трговијата. И имателите на правата можат да учествуваат во полициските истраги за прекршувањето на правата.

Додека ЕК во своето соопштение за медиумите се фокусира на фалсификување од банди што се занимаваат со организиран криминал, законодавството ќе има многу поширок ефект. Ќе ги опфати тинејџери кои делат датотеки, автори на делење датотеки и на софтвер за заобиколување на ограничувањето за пристап до податоците, па дури и невнимателни активисти кои водат кампањи за реформа на легислативата за интелектуална сопственост.

Токму поради ваква промена на легислативата од страна на големите иматели на интелектуална сопственост и нивните сојузници во администрациите на САД и ЕУ законот за интелектуална сопственост наиде на таква јавна реакција.

Променетиот предлог на Директивата на Европскиот Парламент и на Советот на Европа за кривичните мерки кои имаат за цел спроведување на правата за интелектуална сопственост (26.04.2006)

EK предлага одредби во кривичниот закон за борба против прекршување на правото на интелектуална сопственост (26.04.2006) 

Одлука на Европскиот суд на правдата (13.09.2005) 


(3939 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]