Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Репортери без граници: Сите се заинтересирани за интернетот – особено диктаторите Испечати Е-пошта
6.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Интернетот донесе вистинска револуција на полето на светските медиуми. Лични веб-сајтови, блогови и групи за дискусии им дадоа право на глас на мажите и жените кои некогаш беа само пасивни консументи на информации. Интернетот ги направи читателите на весници повеќе или помалку успешни новинари-аматери. Диктаторите би изгледале немоќни пред оваа експлозија на онлајн материјал. Како можат да ја надгледуваат електронската пошта на 130 милиони корисници во Кина или да ги цензурираат пораки кои ги објавуваат 70.000 ирански блогери? За жал, непријателите на интернетот ја покажаа нивната определба и вештина да го направат токму тоа. Кина беше првата репресивна земја која сфати дека интернетот е несекојдневна алатка за слободно изразување и брзо собра пари и луѓе за да ја шпионираат електронската пошта и да ги цензурираат „субверзивните“ веб-сајтови. Наскоро режимот покажа дека интернетот, исто како и традиционалните медиуми, може да се контролира. Сé што беше потребно беше вистинската технологија и уништувањето на првите „компјутерски дисиденти“.

http://www.rsf.org/IMG/pdf/internet_report.pdf


(4218 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]