|
Советодавна група на Форумот за управување со интернет избрана на 17
мај 2006 г. од Генералниот секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, се
состана во Женева на 22 и 23 мај 2006 г. за да го разгледаат дневниот
ред и програмата за состанокот во Атина (од 31 октомври до 3 ноември
2006 година)
Советодавна група на Форумот за управување со интернет избрана на 17 мај 2006 г. од Генералниот секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, се состана во Женева на 22 и 23 мај 2006 г. за да го разгледаат дневниот ред и програмата за состанокот во Атина (од 31 октомври до 3 ноември 2006 година).
Членовите на групата и набљудувачите имаа дводневен состанок под раководство на Нитин Десаи и Маркус Кумер.
Во отворена и транспарентна дискусија во нацрт-програмата беа вклучени главните теми за состанокот на групата во Атина, и тоа:
- пристап (интернет конекција, политики и трошоци со одржување на работилници на теми: отворени стандарди (на датотеки), стимулација на инвестиции и др.)
- безбедност (градење онлајн доверба, заштита на корисници од спем, кражба на идентитет (phishing), вируси, зачувување на безбедност при заштита на приватност и работилници со луѓе од технолошка област, интернет-провајдери, ЦЕРТ, судство и човекови права, работилници со МУТ (компјутерска безбедност) и ОЕЦД (алатки против спем)
- разновидност (промовирање повеќејазичност преку ИДН и содржина на локални јазици и соодветна географска разновидност)
- отвореност (слободен проток на информации, идеи и пристап до знаења)
Советодавна група на Форумот за управување со интернет се состои од 46 луѓе од разни земји и култури и претставува добар пример за начинот на кој ОН се отворија за време на процесот на ССИО. Во групата членуваат 20 претставници од владиниот сектор, 10 од деловниот сектор, 7 од граѓанското општество и 9 од ИКАНН. Сите чинители се добро застапени – владите, граѓанското општество, бизнис-секторот и релевантните меѓународни организации како што се МУТ, ИКАНН, ИСОК, ИЕТФ, Меѓународната комора за трговија, УНЕСКО, интернет регистри и регистратори и други.
Луѓето вклучени во процесот изјавуваат дека Форумот ќе започне со работа оваа година во Атина, а ќе продолжи во 2007 во Бразил, како и во 2008.
Веб-сајтот на Форумот со снимки и записници од седницата
ЕДРИ-грам: Консултации за Форум за управување со интернет (1.03.2006)
(4961 hits/посети) |