|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Македонци на Светското првенство во електронски спортови
|
|
|
|
Македонци на Светското првенство во електронски спортови |
|
|
|
8.06.2006. |
Шест компјутерџии на крајот на месецов ќе ја претставуваат Македонија на најголемата средба на вљубениците во виртуелните игри - Светското првенство во електронски спортови , што од 27 јуни до 2 јули ќе се одржи во Париз, Франција. Скопјаните Сашо Митрушевски, Кирил Огненовски, Влатко Сековски, Тони Милевски и Александар Павловиќ, обединети во екипата „Симплекс“ и под водство на тренерот Бојан Момировски, ќе се борат во играта „Counter Strike“ а битолчанецот Слободан Наумовски ќе ги истестира своите знаења, брзина и рефлекси во „Warcraft 3“. Овие млади Македонци успеаја да триумфираат во своите дисциплини на националното првенството што се одржа на 4 јуни во Скопје, а на кое учествуваа околу 200 младинци.
Светското првенството ќе се одржи во срцето на Париз, во грандиозната сала „The Palais Omnisports Bercy“, што е еден од најубавите спортски комплекси во Европа. Пред компјутерите ќе седнат младинци од 53 земји од сите континенти. Во салата со големина од 5.000 квадратни метри и со 15.000 седишта ќе бидат поставени околу 600 најсовремени натпреварувачки компјутери. Првенството ќе го проследат околу 500 новинари, 40.000 посетители, а преку националниот печат, телевизијата и интернетот ќе го следат повеќе од еден милион луѓе од целиот свет.
Македонија вторпат ќе учествува на Светското првенство.
Националниот натпревар го организираа Клубот на електронски спортови „Форум“ од Белград и сајбер спорт клубот „Ентернет“. „Форум“ ја поседува лиценцата за организација на националните првенства во земјава.
Лани пет младинци имаа можност да си ги измерат силите со најдобрите меѓу компјутерџиите, на натпреварите што се одржаа во Гранд холот во музејот „Лувр“ во Париз .
Андријана Андова
Извор: Дневник
(5025 hits/посети) |
|