Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Кампања против цензура на интернет
Кампања против цензура на интернет Испечати Е-пошта
12.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

„Амнести итнернешнал“ заедно со „Обсервер“ и „Сода Криејтив“ започнаа со кампања наречена irrepressible.info (незадржлив) против сé поголемата владини цензура на интернетот. Кампањата ги повикува владите да престанат со цензура на веб-сајтови, блокирање електронски пораки и затворање блогови и ги повикува големите корпорации да престанат да ги поддржуваат овие дела.

Подготовката на веб-сајтот Irrepressible.info за кампањата вклучува делови со делови од цензурирани информации и луѓето треба да испраќаат електронски пораки заедно со таквите делови. На овој начин цензурираните информации ќе бидат пренесени низ целиот свет. Исто така, веб-сајтот вклучува и петиција која ќе биде презентирана за време на состанокот на Форумот за управување со интернет кој ќе се одржи во Атина во месец ноември 2006 година и на кој владите и компаниите ќе разговараат за иднината на интернетот. Петицијата досега е потпишана од над 20.000 лица и во неа стои: „Убеден сум дека интернетот треба да биде сила на политичката слобода, а не угнетување. Луѓето имаат право да бараат и да добиваат информации и да ги искажуваат нивните мирољубиви ставови онлајн без страв од мешање.“

Амнести бара од луѓето да испраќаат петиции до владите за да ја запрат цензурата на интернетот. Исто така, бара од компаниите кои се занимаваат со технологија да не ги помагаат таквите активности. ИТ компаниите „...помогнаа да се изгради систем кој овозможува надгледување и цензура“, вели Амнести.

Во написот со кој започна кампањата Кејт Ален, директор на Амнести Интернешнал за Велика Британија, ги критикуваше ИТ компаниите кои овозможуваат цензура и им даваат информации на владите кои ги осудуваат политичките дисиденти. Irrepressible.info го посочува Јаху, Мајкрософт, па дури и Гугл како пример на компании кои дале доверливи информации за корисници на кинеските власти кои довеле до потиснување на слободата на изразувањето, па дури и затворање. Големите компании се бранат и сметаат дека влезот во рестриктивните земји, како што е Кина, е за доброто на локалното населени бидејќи некакви информации се подобри од никакви. 

Амнести – Кампања Irrepressible.info

Амнести: мораме да го ослободиме интернетот (28.05.2006)

Денес, наша шанса да се бориме против хај-тек тиранијата (28.05.2006)

Амнести во борба против цензурата на интернетот (30.05.2006)


(5323 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]