Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow На официјалниот сајт на Владата aктуелни се вестите од мај
На официјалниот сајт на Владата aктуелни се вестите од мај Испечати Е-пошта
13.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Вестите за активностите на премиерот, министрите и воопшто на Владата од мај, април, па дури и од декември 2005 година се најактуелните информации на официјалниот веб-сајт на Владата . Ако македонските граѓани сакаат да дознаат што кажал премиерот Владо Бучковски во изминатиот ден или неколку дена порано, ќе се разочараат бидејќи за владините служби одговорни за ажурирање на податоците се најактуелни вестите од 31 мај.

Меѓутоа македонските граѓани, некои помалку, а некои повеќе, одамна се навикнаа на нефункционалноста на официјалните сајтови на нашите министерства и институции. Сериозен проблем имаат странските политичари и обични луѓе што по потреба или од забава ја посетуваат оваа веб-сајт.

Освен тоа што англиската верзија на содржините е речиси целосно запоставена, тие можат да добијат погрешна слика за временската разлика меѓу нивната матична земја и Македонија. Ќе можат да забележат и дека во подвижното „банерче“ насловено како актуелно, најактуелна вест е посетата на министерката Илинка Митрева на Холандија од пред речиси десет дена.

Важно е дека на сајтот ги има говорите што по повод различни пригоди ги давал премиерот Владо Бучковски во декември минатата година. Можеби се должи на предизборната презафатеност, а можеби и не, бидејќи речиси 4 години овој сајт не доби нов дизајн и нови содржини. Работата станува и смешна ако се разгледаат изјавите на актуелните политичари поврзани со нашиот сигурен пат кон информатичко општество и пофалните зборови за соработката меѓу „Мајкрософт“ и Македонија.

Владимир Николоски
Извор: Време


(4752 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]