Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow „Интел" ја пикира Македонија како дестинација за инвестирање?
„Интел" ја пикира Македонија како дестинација за инвестирање? Испечати Е-пошта
22.06.2006.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Американската информатичка компанија „Интел" ја пикирала Македонија како потенцијална дестинација за инвестирање. Планирале токму во нашава држава да се отвори регионален центар каде што ќе се произведуваат компјутери и би се нуделе на пазарот од 100 до 200 американски долари, цена пристојна за секое домаќинство. Претставници на „Интел" веќе биле во нашава држава. Биле остварени контакти на највисоко државно ниво. На нашава земја и било понудено да биде партнер со „Интел", но како што дознаваме, предлогот засега не е прифатен, со образложение дека поради изборите не е време за ваква инвестиција.

Од Владата не потврдуваат дека имале средба со американската информатичка компанија „Интел". Декларативно само изјавуваат дека Владата во основа била заинтересирана и го поддржувала развојот на информатичкото општество, отфрлајќи ги информациите дека „Интел" воопшто разговарал со некој од државниот врв на темата да отвори регионален центар за информатичка технологија.

Извори кои лобирале и биле врската меѓу „Интел" и Владата, пак, тврдат дека претставници на американската компанија биле во Македонија. Покрај во нашава земја, ги скенирале и другите држави од регионот. Но, дознаваме, дека од „Интел" покажале посебно интересирање за Македонија. Им била примамлива за инвестирање затоа што во изминатата година нашава земја стана препознатлива по тоа што се искачи на врвот во светот по целосна покриеност за безжичен Интернет, благодарение на проектот „Македонија се поврзува" , поддржан од УСАИД. Според македонските претставници, кои имале контакти со „Интел", нашата држава би партиципирала во проектот за изградба на регионален информатички центар, а американската компанија би обезбедила лиценца за персонални компјутери. Компјутерите нема да бидат нудени во слободна продажба, туку Владата би им ги давала на секое семејство по минимална цена, со одреден рок на исплата, или во крајна линија тие можат да бидат бесплатни.

- Државата може да се жали дека нема пари. Но, ако сака може да одвои дел од парите од продажбата на акциите во телекомуникациската компанија. Граѓаните заслужуваат парите што ги давале за телефонски приклучок да им бидат вратени назад.
- Може власта да направи стратегија за развој на информатичкото општество и да одлучи парите во наредните неколку години да ги инвестира во опремување на секое семејство со компјутер - велат македонските претставници кои се сретнале со „Интел", додавајќи дека покрај лиценцата што би ја дале, информатичката компанија би вршела бесплатна едукација на наставниците, би донирале во училиштата.

Верче Георгиевска
Извор: Утрински весник

(4482 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]